Џони Штулиќ даде интервју од 22 минути

Иако со години тврди дека се повлече од јавниот живот и не сака да се занимава со земјите на поранешна Југославија, рок-легендата Џони Штулиќ во последно време често може да се слушне во српските медиуми.

Така, легендарниот фронтмен на „Азра“ даде 22-минутно интервју објавено на каналот YT Balkan Info. Џони зборуваше за политиката, за авторските права, па дури и за „шпионирање” преку компјутерот.

„Сè е политика. Додека човекот живее, сакаш-нејќеш политика е. Ако не сте во политиката, тогаш политиката се занимава со вас. Не може да се избега од тоа”, рече Џони за политиката и заклучи дека „хигиената е единствениот спас.”

„Немаше ни во мое време никој освен мене”, вели Џони кога новинарот Александар Павковиќ му рече дека на Балканот веќе нема луѓе како него.

Потоа се сети на Јосип Броз Тито. „Тито беше навистина голем човек”, рече тој. „Погледнете што направи со ист квалитет на луѓето, тие никогаш нема да можат да го направат тоа”, додаде тој.

Инаку, Штулиќ се огласи во српските медиуми за да му одговори на актерот Раде Шербеџија кој турнејата ја нарече по една песна од Бранимир Џони Штулиќ „Мени се душо од тебе не растаје“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари