logo
logo
logo

ЏОНИ сака „ШЉИВКА“

Vecer | 19.10.2021

ЏОНИ сака „ШЉИВКА“

Во зградата на Геозаводот во Белград се одбележува првата година од работата во Србија на студиото за анимација Iervolino Studios.

Џони Деп за време на својот говор ги насмеал сите кога ја споменал ракијата „шљивка“.

За време на говорот тој рекол дека е добро што никој, барем на приемот, не му дал ракија, но дека тоа нема да потрае долго и дека не може да му одолее на овој пијалак.

- Немам сомнеж дека овој проект ќе привлече повеќе уметници и продуценти да дојдат овде и да договорат работа. Овде е совршено како во Холивуд. Дочекан сум како и секогаш - феноменално. Ви благодарам што ме поканивте, никој уште не ми дал „шљивка“ што е добро, но добро само, веројатно, во следните 10 минути. Ја обожавам вашата земја и вашите луѓе, ја чувствувам искреноста. Бог нека ве благослови и ви благодарам, рекол Деп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk