logo
logo
logo

КОРТНИ ЛАВ:

ЏОНИ ДЕП е мојот спасител! Земав хероидн и паднав, а потоа дојде тој и ми го спаси животот

Vecer | 24.05.2022

ЏОНИ ДЕП е мојот спасител! Земав хероидн и паднав, а потоа дојде тој и ми го спаси животот

Во пресрет на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, американската пејачка Кортни Лав се присетила како актерот и го спасил животот по предозирање и и помогнал во најтемниот период од животот.

Во моментот на инцидентот, Лав се соочувала со трагичната загуба на сопругот Курт Кобејн, кој изврши самоубиство во 1994 година на 27-годишна возраст. Кортни и Кобејн се венчаа во 1992 година и ја добија ќерката Френсис Бин (29).

"Ми даде прва помош откако се предозирав пред клубот Viper Room во Калифорнија. Бев зависник од хероин. Тоа се случи во 1995 година", рекла Кортни во видеото објавено на социјалните мрежи за време на викендот.

Клубот тогаш беше косопственост на Џони Деп, деловен партнер на Ентони Фокс и Сал Џенко, и беше познат како место за собирање на холивудската елита.

Лав рекла дека Деп во неколку наврати контактирал со нејзината ќерка Френсис. Таа тврди дека актерот и напишал писмо на нејзината ќерка за нејзиниот 13-ти роденден, среде прераната смрт на татко и борбата на нејзината мајка со зависноста.

"Социјалната служба ѝ помогна на ќерка ми Френсис да го преброди тој период. Џони и напиша писмо на четири страници за тоа и се обиде да ја утеши. Го направи тоа на нејзиниот 13-ти роденден. Тој и јас не се познававме добро во тоа време“, рекла пејачка која никогаш не го прочитала писмото, додавајќи дека актерот испраќал лимузини за да ги земе Френсис и нејзините пријатели од училиште.

 

 

 

„Кога имаше 13 години, ми кажа дека Џони и го спасил животот“, рекла.

Кон крајот на видеото, Лав јасно дала на знаење дека е на страната на Деп за време на судењето за клевета, но и дека таа сè уште има „емпатија“ за Херд.

„Бев најомразената жена во Америка, односно во светот, долго пред да настане ТикТок. Разбирам како се чувствува Амбер. Можете ли да замислите да бидете на нејзино место?“, додала таа. Подоцна одговорила на коментарите во кои луѓето ја критикувале за овој потег, а таа објаснила дека не сака да зазема страна.

 

Džoni Dep, Amber Herd

"Сакам да бидам неутрална. Нема да малтретирам никого. Доволно сум малтретирана во текот на животот", заклучила пејачката.

Деп, која беше во брак со Херд од 2015 до 2017 година, моментално се бори со неа на суд поради написот во Вашингтон пост од 2018 година, кој таа го напиша и се претстави како жртва на сексуално насилство. Судењето продолжува во петок, на 27 мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk