logo
logo
logo

МОДНА КАТАСТРОФА

Џеј Ло демонстрира како се уништува совршен летен стајлинг

Vecer | 21.06.2021

Џеј Ло демонстрира како се уништува совршен летен стајлинг

Бохо изданието на латино дивата Џенифер Лопез лесно можело да биде модна инспирација за жените, но заради несреќниот избор на чевли станало промашување.  Во вакво издание Џеј Ло заминала на шопинг со синот Макс.

Инаку, станува збор за комбинација со бохо призвук, која се состои од макси здолниште од џинс и бел топ. Сето го искомбинирала со чанта од модната куќа Валентино и таа е одлично решение во комбинацијата, но истото не важи за чевлите - место, на пример, некои сандали, таа облекла чизми.

Вистина дека моделот е гламурозен и резултат на соработката на Тимберленд и Џими Чу, но едноставно не се вклопува во остатокот од гардеробата.  Без дилема можела многу подобро од чизми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk