logo
logo
logo

Џаред Лето заглави на протест во Италија: „Мојата вечер заврши кога ме испрскаа со солзавец“

Vecer | 12.10.2021

Џаред Лето заглави на протест во Италија: „Мојата вечер заврши кога ме испрскаа со солзавец“

Американскиот актер Џаред Лето (49) објави видео снимки и фотографии на својот профил на Инстаграм од протестите во Рим. Имено, актерот претпоставува дека граѓаните протестираа против задолжителната вакцинација и пасошите за „Ковид“.

- Се најдов како протестирам во Италија. Ме испрскаа со солзавец и тука заврши мојата вечер - напиша тој со објавата.

Лето објави серија фотографии и видеа, а на едно од нив се гледа како актерот едвај гледа затоа што очите му горат од солзавец.

„Треба да си одам“, рече тој за време на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JARED LETO (@jaredleto)

Покрај толпата и полицијата,Џаред сними и маж кој беше повреден, како и солзавците поставени на земја како исфрлаат гас.

Видеата се прегледани скоро 140.000 пати, а мноштво Италијанци коментираат за објавата на актерот.

- Се надевам дека не се сеќаваш на Италија само поради ова. Те сакаме Џаред! - напиша еден од неговите обожаватели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk