logo
logo
logo

ЏАНИ ЗА ТРИ МИНУТИ ЗАРАБОТИЛ ЕДНОСОБЕН СТАН ВО БЕЛГРАД...

Vecer | 29.11.2021

ЏАНИ ЗА ТРИ МИНУТИ ЗАРАБОТИЛ ЕДНОСОБЕН СТАН ВО БЕЛГРАД...

Радиша Трајковиќ - Џани е познат како пејач кој не се срами да направи што било за од луѓето да извлече бакшиш и да си оди дома со полни џебови. Така се случило на еден настап за време на турнеја низ Америка каде како што тврди, добил неверојатни 30.000 долари бакшиш.

- Џани и Сандра Африка закажале тезги ширум Америка и не планираат да се вратат до Нова година. Во дискотеките каде што настапуваат доаѓаат повеќето Срби, луѓе кои се жедни да слушат народна музика. Кога Џани пее секогаш прави добра атмосфера. Пред некој ден зеде 30.000 долари бакшиш, рекол неименуван извор, а тоа го потврдил и самиот Џани.

- Публиката беше малку подалеку од бината во клубот во кој настапувавме, и нема класичен бакши. Видов еден дечко ја тргна оградата за да помине еден човек. Не ни помислив дека доаѓа да даде бакшиш, бидејќи во тој клуб тоа не е правило... Човекот ми мавна со глава, јас му пријдов и видов дека ми даде сноп со долари. Се заблагодарив, кимна со главата, но не видов колку пари има. Кога ги пребројувавме парите, колегите ми рекоа: “Царе, за песната доби 30.000 долари“. Мислев дека се шегуваат, па ги преброив. Човекот од обезбедувањето подоцна ми кажа дека тоа бил наш човек, 11 години живее во Америка и таа му била омилена песна, рекол Џани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk