logo
logo
logo

ВАРДАРОВИОТ ГОЛМАН се отвори

Џамбо дава ПОПУСТ во својот ресторан среде Белград на сите кои на ЕП навиваат за Македонија

Vecer | 14.06.2021

Џамбо дава ПОПУСТ во својот ресторан среде Белград на сите кои на ЕП навиваат за Македонија

Поранешниот Вардаров голман Страхиња Милиќ - Џамбо има неверојатна понуда за сите Македонци кои живеат во Белград, но и за сите фанови на македонската репрезентација.

Имено, Џамбо во српската престолнина има ресторан за мексиканска храна, а нуди 20 % попуст за сите кои ја поддржуваат Македонија на ЕП во фудбал, како и за сите оние кои во ресторанот ќе дојдат со видливо обележје на Македонија.

Попустот, како што стои во објавата на Џамбо на социјалните мрежи, ќе важи се додека Македонија игра на ЕУРО 2020.

Џамбо замина од Вардар, но никогаш не престана да има најпофални зборови за нашата земја за која го врзуваат и еден куп пријателства. Тој во повеќе наврати има изјавено и дека периодот во Скопје му бил еден од поубавите и дека секогаш со задоволство доаѓа овде.

Браво за Џамбо и еве ветување - во прва прилика доаѓаме на јадење, и тоа без попуст!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk