Пирс, кој е најпознат по улогата на агентот 007 од 1995 до 2002 година, исто така е татко на Шон (38), Кристофер (49) и Шарлот, кои трагично починаа на 41-годишна возраст во 2013 година.

Нарекувајќи го својот 69-годишен татко „драг човек“, Дилан признава дека, растејќи отсекогаш мислел дека неговиот татко има „само многу пријатели“, пренесува Дејли Мејл.

– Луѓето би му приоѓале на улица, а тој е многу фин, па навистина долго разговараше со сите – рекол Дилан.

Второто најмало дете на Пирс исто така признава дека никому не му кажувал кој е неговиот татко, а пријателите биле шокирани кога конечно ќе го запознаат неговото познато семејство.

– Тоа никому не го кажувам, под никакви околности – се пошегувал Дилан.

И покрај нивната блиска врска, помладите синови на Пирс не ги следат актерските потфати на нивниот татко, а тој самиот ги советувал да не глумат. Зошто тоа не го поттикнува, актерот едноставно објасни: „Само затоа што е **** напорна работа. Тоа е крст што треба да се носи. Вие се градите и уништувате себеси“.