logo
logo
logo

Детали за животот на Аки РАХИМОВСКИ кои ги знаат малкумина

Vecer | 22.01.2022

Детали за животот на Аки РАХИМОВСКИ кои ги знаат малкумина

Пејачот зад себе остави три деца - синот Кристијан кој го доби во првиот брак, ќерката Дина која ја доби во повеќедеценискиот брак со мистериозната Ингрид и ќерката Антонија која ја доби во 2020 година со Словенката Барбара Весел.

Пејачот не зборуваше премногу за среќните вести и раѓањето на детето во седмата деценија од животот, а неговата избраничка потврди дека се е баш како што треба.

- Се е супер. Девојчето се вика Антонија, изјави Барбара за РТЛ тогаш и гордо додаде: - Задоволна сум од Аки.

Според медиумите, Рахимовски пред извесно време се преселил во Словенија кај својата партнерка, а нивните соседи за медиумите изјавиле дека често го гледаат Аки во прошетка со неговата ќеркичка.

Аки долго живеел во Скопје со родителите додека бил дете, па секоја посета на Македонија ја користеше да зборува на македонски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk