logo
logo
logo

Детали за трагедијата на сетот: Еве како Алек Болдвин ја усмртил снимателката Халина

Vecer | 25.10.2021

Детали за трагедијата на сетот: Еве како Алек Болдвин ја усмртил снимателката Халина

Светот беше шокиран од веста дека актерот Алек Болдвин пукал од реквизит, филмски пиштол и ја убил снимателката Халина Хачинс (42) и го ранил режисерот Џоел Соуз (48) на снимањето на филмот „Рѓа“.

Во новото сведочење се наведува дека Алек Болдвин вперил пиштол во камерата за време на снимањето и со вистински куршум ја застрелал снимателката Хачинс во градите и го ранил режисерот, пишува Ројтерс. Хачинс почина во болница.

На актерот му дадоа филмски реквизит и му кажаа дека пиштолот е без куршуми, соопштија властите во Санта Фе.

- Џоел рече дека Алек седнал на клупата во црквата и вежбал извлекување на пиштолот. Тој рече дека бил зад камерманката кога слушнал звук како камшик, а потоа и силен истрел - се наведува во соопштението.

Џоел нејасно се сеќава дека Хачинс се пожалила  на болки во стомакот и се држела со раце. Зачекори чекор назад, а потоа падна на подот.

„Хачинс не можеше да ги почувствува нејзините нозе“, изјави Рид Расел, камерманот кој во тој момент беше покрај неа.

Болдвин бил фотографиран пред хотел во Санта Фе во саботата додека разговарал со Мет Хачинс, сопругот на Халина и нејзиниот деветгодишен син.

Истрагата се уште е во тек и засега никој не е обвинет.

Серж Светњо, главен електричар за филмот во објава на Фејсбук напиша дека ја држел Хачинс во неговите раце додека таа умирала и напишал дека таа починала поради „негрижа и непрофесионалност“.

Според Лос Анџелес Тајмс, пред повеќе од една недела, двојникот на Болдвин случајно испукал два куршуми од огнено оружје, откако му било кажано дека не е наполнет со куршуми, ниту вистински ниту празен.

Според судскиот извештај, филмскиот пиштол му го дал на Болдвин помошникот режисер Дејв Холс, кој е во индустријата повеќе од 20 години. Тие исто така ја истражуваат реквизитата Хана Рид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk