ПРОМОВИРАНА НОВА ПЕСНА СО ВИДЕО

Десетто ѕвездено небо за Тоше!

Затсиноќа се одбележаа точно десет години од последниот концерт на нашата легенда Тоше Проески, кој се одржа на Градскиот стадион во Скопје, а неговите верни обожаватели уште еднаш се собраа на плоштадот "Македонија" од каде што го поздравија својот идол со уште едно ѕвездено небо.

Во рамките на јубилејното 10. ѕвездено небо за Тоше, клубот на обожаватели ја имаше честа да објави уште една од досега необјавените песни од популарниот пејач, кои ќе бидат сместени на новиот албум што би требало да стигне до крајот на годинава. Станува збор за позитивната и оптимистична тема насловена „Light the Flame" (Запали го пламенот), која беше претставена заедно со видео.

За десетина дена, на 16 октомври ќе биде одбележана и 10-годишнината од смртта на Проески, кој во 2007 година трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка во Хрватска. По тој повод ќе биде промовирана уште една песна од претстојниот албум, која го носи насловот „Secret Place".

Точниот датум на издавање на новиот албум се уште не е прецизиран, но со сигурност се знае дека тој е веќе во подготовка. Фондацијата "Тоше Проески" неколкупати промовираше нови, необјавени песни на Тоше, но како што велат материјал има уште, па во иднина можеме да очекуваме уште необјавени песни од нашиот ангел.

Поврзани

Најнови вести

Коментари