logo
logo
logo

Депардје по обвинувањата за силување: Немам од што да се плашам, немаат докази!

Vecer | 25.02.2021

Депардје по обвинувањата за силување: Немам од што да се плашам, немаат докази!

Во интервју за „Ла Република”, францускиот актер Жерар Депардје целосно ги негира обвинувањата за силување.

Ова е првпат тој јавно да зборува откако беше обвинет во декември. Жерар Депардје избра да одговори на прашањата на италијанскиот дневен весник „Ла Република” и да одговори на обвинувањата изнесени против него од страна на млада актерка која поднесе тужба за силување.

„Нема доказ, нема ништо против мене и затоа сум многу спокоен. Можам само да ги отфрлам што е можно појасно, како што е веќе сторено пред истражителите, сите обвинувања“, објаснува актерот.

Тој објаснува дека има „чувство на тага и збунетост пред тотално неоснована приказна“ и не го разбира „медиумското внимание предизвикано од истрагата“ што тој ја смета за „затворена“.

„За мене, истрагата беше затворена поради недостаток на докази. На суд ќе ја потврдам својата невиност. Јас сум невин и нема од што да се плашам“, додава актерот прецизирајќи дека „на 10 март” има средба со истражните органи.

Патем, актерот зборува за „ера во која доминира постојан и безмилосен проток на информации што се истураат на мрежата“.

„Како да живееме постојано со слушалки кои емитуваат лоши вести и честопати лажни или пристрасни информации. Го мразам сето тоа“, објаснува тој.

72-годишниот Жерар Депардје беше обвинет на 16 декември за „силување” и „сексуален напад”, кој тој, наводно, го извршил летото 2018 година врз млада актерка, што тој го негира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk