Денес почнува Сараевскиот филмски фестивал

Годинашното 24-то издание на Сараевскиот филмски фестивал започнува со свечена проекција на црно-белата историска драма „Студена војна” на реномираниот полски режисер Павел Павликовски. За овој филм Павликовски годинава ја освои „Златната палма“ во Кан како најдобар режисер.

Претходно, во утринските часови, филмот ќе им биде прикажан на акредитираните новинари, а веќе од утре тој термин го преземаат филмовите од Натпреварувачката програма.

Новина за оваа година е дека во сите пет дена од Фестивалот ќе бидат прикажани сите филмови од овој избор, така што од сабота до среда ќе се случуваат по две церемонии на црвениот килим.

По повод фестивалот, во главниот град на Босна и Херцеговина ќе има безброј различни настани од културна природа. Еден од нив е изложбата „Уметноста на филмскиот плакат”, која ја организира ЕУ-инфоцентарот, а која беше отворена минатата ноќ на Академијата за ликовни уметности.

Изложбата е организирана со цел да се одбележи Европската година на културното наследство, како и придонес на потпрограмата Креативна Европа МЕДИА за развој на кинематографијата и визуелните уметности.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари