logo
logo
logo

Ден на жалост во Радовиш по ЗАГИНУВАЊЕТО на двајца алпинисти при работа во рудникот Бучим

Vecer | 14.10.2021

Ден на жалост во Радовиш по ЗАГИНУВАЊЕТО на двајца алпинисти при работа во рудникот Бучим

Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука денешниот ден да се прогласи за ден на жалост заради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш.

Ти ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим“ кај Радовиш.

Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на гробиштата во Радовиш.

Инаку, синоќа Јавното обвинителство излезе со соопштение во кое меѓу другото се наведува дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор меѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

Од Обвинителството додаваат дека е забрането работењето на тој дел од рудникот, и истиот е обезбеден од полициски службеници, а увидот продолжува и денеска со увид на местото на несреќата со присуство на техничка инспекција со рударски инженери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk