logo
logo
logo

Деми Мур изгледа очајно на папарацо фотките! Ама на Инстаграм е ТОП РИБА!

Vecer | 16.08.2022

Деми Мур изгледа очајно на папарацо фотките! Ама на Инстаграм е ТОП РИБА!

Деми Мур (59) на фотографиите на социјалните мрежи не изгледа исто како Деми Мур на фотографиите направени од папараците. Иако изгледа фантастично за своите години, актерката сепак има вишок кожа, целулит и некои чудни набори на стомакот и колковите.

Деновиве актерката е на јахта каде секој момент го поминува опуштајќи се на сонце. Овој пат, Деми облече розово бикини што ја откри нејзината прекрасна линија на прагот од шеесеттата година.

Сепак, папарацо фотографиите го овековечија целулитот, опуштената кожа и наборите на колковите и стомакот на атрактивната актерка:

 

Истите фотки, ама во „режија“ на Деми Мур изгледаат вака:

 

Деми со години важи за актерка која „не старее“, иако има шпекулации дека „стратешки“, „овде-онде“ прави некоја естетска корекција поради која нејзиното тело изгледа неверојатно младешко.

Актерката во неколку наврати изјавила дека одвреме-навреме се откажува од јаглехидратите за да постигне витка линија.

Во деновите кога не внимава толку на исхраната, следи едно правило: „Нема гладување, се се сведува на слушање на вашето тело. Јадам кога сум гладна, веднаш престанувам кога ќе се почувствувам сита.“

Demi Mur

 

Кога станува збор за исхраната, Деми Мур ги следи и овие правила:

1. Го ограничува внесот на слатки и брза храна

2. Кофеинот го сведува на минимум

3. Пред секој оброк пие полна чаша млака вода

4. Јаде овошје, зеленчук и јаткасти плодови

5. Алкохолот го сведува на минимум

6. Јаде мали порции месо и јаглехидрати

7. Избегнува лоши масти

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk