logo
logo
logo

Видео

Деловски и Томи Тасев ја снимија првата заедничка песна и си добија германска поддршка

Vecer | 14.06.2021

Деловски и Томи Тасев ја снимија првата заедничка песна и си добија германска поддршка

Riot е првата заедничка песна на македонските диџеи и продуценти Деловски и Томи Тасев. Песната, која е во издание на продуцентската куќа Smthngelse од Германија, веќе е промовирана на Spotify, iTunes и сите поголеми стриминг платформи во светот.

„Идејата за Riot  се роди лани во ноември. Најдов предобар машки вокал, кој веќе го испеа текстот и решив да направам песна базирана на вокалот. За кратко време ја имав првата демо верзија на песната. Бидејќи сакав да направам мали измени во текстот, го исконтактирав вокалистот, а тој ми одговори дека има потпишано ексклузивен договор со продуцентската куќа што ги издава неговите вокали и дека не смее да прави измени на испеаното“, вели Деловски.

Тој потоа демото му го испратил на Тасев и заедно решиле да најдат македонски пејач кој би ја испеал песната онака како што тие ја замислиле.

„Исконтактираве неколку музичари, сите беа добри, некои и над нашите очекувања, но на крајот решивме да ја издадеме Riot со првичниот вокал. Со Томи ја завршивме песната пред неколку недели и сега конечно ја промовираме преку германската продуцентска куќа со која имаме потпишано договор“, додава Деловски.

Деловски е музички продуцент и диџеј од Скопје, кој е дел од електро сцената од 2011 година. Тој е еден од најреномираните mashups/edits DJ-и на балканов. Ова реноме го стекна преку познатата диџеј страна demodrop.com, каде што го следат над 13.000 диџеи од светот и ги пуштаат неговите едити на своите настапи.

Дел од нив, се пуштани на најголемите фестивали во светот како што се Tomorrowland и Ultra Music Festival, па и на светски радио станицимеѓу кои BBC Radio 1 London и Hakkasan Las Vegas Radio.

Деловски настапува во многу клубови и локали низ земјава. Освен што настапува како диџеј, тој во иднина најавува соработка со познатата македонска етно група „Синтезис“ и со еден од најдобрите македонски бендови „Нокаут“.

Томи Тасев, пак, е македонски диџеј, продуцент и музичар, со седиште во Сент Гален, Швајцарија. Неговата музичка приказната започна 2006 година, кога почнал да пее и да свири пијано во училишниот бенд. Во 2013 година почнува да се занимава со музичка продукција, една година подоцна да работи и како диџеј.

Во 2018 година Тасев ја издава својата прва песна Broken, со што почнува да се менува и неговата музичка кариера. Шест месеци подоцна следи One Look One Smile, а во 2019 година настапи на еден од најголемите летни настани во Македонија, Струмица опен фестивал.

Тој неодамна доби признание од Спотифај како артист со еден милион преслушувања на оваа музичка платформа.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=pr4BytLn1u8[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk