РОДЕНДЕНСКА НАЈАВА

Деј Оф прославуваат 15-годишнина

Следниот месец, поточно на 22-ри октомври, култниот бенд Деј Офф ќе одбележи 15 години од своето постоење. По тој повод, во саботата, иако цел месец порано, се одржа журка во клубот на "Ноќните Волци" - Волк.

Бендот го изгради своето име благодарение на професионалната и посветена работа. Овој ковер бенд, има претрпено нијансни трансфомации во изборот на својот репертоар како поминувало времето, но сепак останува верен на рокот, блузот, гранџот и алтернативните стилови. Во своето 15-годишно постоење, неуморно настапуваат речиси секој ден, пред се во Скопје, но и низ целата територија на Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари