logo
logo
logo

Децата ПОРАСНАА, Клуни ОСТАРЕ, а Амал скоцкана од глава до пети: Еве како Клуниеви го поминуваат летото

Vecer | 19.07.2022

Децата ПОРАСНАА, Клуни ОСТАРЕ, а Амал скоцкана од глава до пети: Еве како Клуниеви го поминуваат летото

Сопругата на Џорџ Клуни, Амал, повторно воодушеви со нејзиното модно издание - облечена во винтиџ црвено-крем мини фустанче со потписот на Валентино додека се качуваше на брод со своите близнаци.

Прекрасниот фустан го искомбинирала со чанта Валентино Гаравани, а од сонцето се заштитила со огромна сламена капа и темни очила за сонце. А носеше и пар кремасти еспадрили со полна пета и на врзување.

Еспадрилите во комбинација со облека од летни ткаенини се совршена комбинација, а тоа го докажаа и дамите од кралските дворови (меѓу другите, британската миленичка Кејт Мидлтон и шпанската кралица Летиција).

Она што на сите им го одвлекло вниманието од плажата, иако брачната двојка ги штити децата од папараците, е тоа што пораснаа преку ноќ. Џорџ и Амал и понатаму поголемиот дел од времето го поминуваат на езерото Комо во Италија, па така и овој пат заминале на излет во близина на нивниот имот.

Исто така, она што на сите им паднало во очи е фактот дека Џорџ наеднаш остарел, па на мрежите се пишува дека татковството во шестата деценија не му е баш лесно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk