logo
logo
logo

БРАВО ЗА ДАРИА МИЛОШЕСКА: Влезе во финале со „Ако Згрешам Нека Изгорам“ од 1.350 ученици

Vecer | 24.06.2021

БРАВО ЗА ДАРИА МИЛОШЕСКА: Влезе во финале со „Ако Згрешам Нека Изгорам“ од 1.350 ученици

Ученичката од 8-мо одделение на ПСУ „Јахја Кемал“ Дариа Милошеска се пласираше во финалето со нејзината песна „Ако Згрешам Нека Изгорам“.

Дариа ќе ја покаже својата страст и ентузијазам кон музиката да биде прва и да ја направи нејзината земја попозната.

24 ученици се пласираа во финалето од вкупно 1.350 ученици и кои ќе се натпреваруваат за прво место на натпреварот за песна “Colors of Voices”, кој ќе се емитува во сабота, 26 јуни во 20:00 часот по македонско време и истиот ќе може да се гледа на каналот на (IFLC)  на YouTube.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC), организира разни натпревари и сценски представи од областа на уметноста, ќе ги продолжи годинашните настани со специјални натпревари за песна.

Во полуфиналето учествуваа 1.350 ученици.

Финалето на натпреварот за песна “Colors of Voices”, ќе биде изведено со величествен настан.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) оваа година ќе користи целосно дигитални фази, 2Д-3Д визуелни ефекти и техники на зелен екран на аудио-натпреварот.

Финалистите на натпреварот, на кој 24-те ученици беа пласирани во финалето, ќе бидат одредени со јавно гласање и жири комисија составена од професионален тим.

Покрај жирито, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот што сакаат, преку линкот за гласање која ќе се дели по завршување на натпреварот.

Линкот за гласање кој ќе биде споделен на крајот на настапите ќе остане отворен приближно 10 часа.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) ќе се организира по 19-ти пат онлајн поради пандемијата.

Во овој период, оние кои сакаат да гласаат ќе можат да ги оценуваат учениците со 5 ѕвезди.

Младите таленти ќе ги испеат своите последни песни на мајчин јазик и ќе носат автентична народна носија.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KrPPOkN856Y[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk