logo
logo
logo

Дара Бубамара СЕ ТЕПАЛА СО МАЖ НА АЕРОДРОМ: „Ме извади од такт“

Vecer | 26.05.2022

Дара Бубамара СЕ ТЕПАЛА СО МАЖ НА АЕРОДРОМ: „Ме извади од такт“

Дара Бубамара се степала со маж на аеродромот Никола Тесла во Белград. Инцидентот се случил во средата во 13.30 часот, пред да се качи на летот за Тиват, објавија српските медиуми.

„Додека чекавме ред за да се качиме во авионот, еден човек почна да и вика на Дара: „Следниот пат гледај како возиш да не и ја е*ам мртвата мајка!“ Очигледно двајцата се сретнале пред аеродром, изгледа Дара го „пресекла“ тој лик во сообраќајот, па полудел кога повторно ја сретна - вели еден од очевидците.

Та пцовка ја извадила од такт и почнала да го удира човекот кој бил речиси половина метар повисок од неа!

„Го удри со тупаници, чанта, го изгреба... Тој го покри лицето со рацете и не возврати“, изјави очевидец, додавајќи дека останатите патници скокнале да ги разделат.

„Набрзо пристигнала полицијата, а Дара ни тогаш не се смирила. Таа рекла дека ќе го осакати ако повторно го сретне бидејќи ја пцуел нејзината мртва мајка. И покрај тепачката, таа се качила во авионот " изјавил очевидецот.

Оваа приказна популарната пејачка ја потврдила за медиумите.

„Точно е дека имаше инцидент! Возев малку побрзо за да се качам на летот, бидејќи имав закажан настап во Црна Гора. Тој човек ме навредуваше без причина! Слаба сум на моите родители кои веќе не се живи, и секогаш ќе скокам на секој што ќе ги допре моите најблиски“, рекла Дара, пренесува Блиц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk