Даниел Крег (53) за Радио Тајмс изјави дека не мисли дека Џејмс Бонд треба да го глуми жена. Дебатата за воведување и промени на популарниот шпионски лик трае со години, а некои обожаватели предложија жена да се појави во култната улога.

– Зошто жена би го глумела Џејмс Бонд кога треба да има улога толку добра како Џејмс Бонд, но за жена? Се прашува Крег, додавајќи дека треба да има подобри улоги за актерите од сите раси и за жените.

Во интервју за Variety 2020, продуцентката на франшизата Барбара Броколи рече дека Џејмс Бонд може да биде во било која боја, но мора да биде маж.

Таа објасни дека тоа е затоа што повеќе би сакала да создаде нови ликови кои што  би можеле да ги играат жени, отколку да и даде на жена улога која е оригинално напишана за маж.

– Верувам дека треба да создадеме нови ликови за жени – силни женски ликови. Мислам дека жените се далеку поинтересни од тоа – заклучи таа.