Откако ЕБУ, организаторот на Евровизија, објави дека не се употребувала дрога во зелената соба и беа повлечени обвинувањата против фронтменот на победничката група Дамиано Давид, се огласи и италијанскиот пејач.

Имено, Дамиано најпрво ги сподели резултатите од истрагата на својот Инстаграм профил.

Потоа сподели уште една вест што го воодушеви.

“Zitti E Buoni е на деветтото место на глобалната листа на Spotify. Ова е италијанска песна со најголем стриминг досега, вакво нешто досега не се случило. Како што ви рековме, рокенролот никогаш не умира”, рече пејачот на Инстаграм сторијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)