logo
logo
logo

Дамиано го урна ИНСТАГРАМ: Италијанецот како од мајка роден (ФОТО)

Vecer | 21.09.2021

Дамиано го урна ИНСТАГРАМ: Италијанецот како од мајка роден (ФОТО)

Контроверзниот италијански пејач Дамиано Давид, кој ги полуде своите обожаватели ширум светот по победата на Евровизија со групата „Måneskin“ постојано ги поместува границите на нивните очекувања.

Имено, сега повторно ги „фрли“ своите обожаватели во транс откако сподели фотографија на која позира потполно гол, криејќи ги интимните делови со кошаркарска топка.

Фотографијата е објавена на официјалниот инстаграм – профил на фронтменот на групата, а за кратко време собра повеќе од 1,400,000 „лајкови“ и низа коментари.

„Одеднаш ме заинтересирав за спорт“, „Сакам да бидам твоја топка“, „Жежок“, беа само дел од бројните коментари на фановите кои „полудеа“ по Дамиано по објавата на овие фотографии.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk