logo
logo
logo

Дали знаете што значи зборот “бекута“ Ана го носи од почетокот на кариерата, а сега знаеме што претставува

Vecer | 25.11.2022

Дали знаете што значи зборот “бекута“ Ана го носи од почетокот на кариерата, а сега знаеме што претставува

Иако со години е на сцената, ретко кој знае како е вистинското име на Ана Бекута

Кога ќе го кажеме името Нада Полиќ, никој не би помислил на нашата позната пејачка Ана Бекута.

Тоа не е чудно, бидејќи од првиот ден од нејзината кариера таа не го носи вистинското име, туку уметничкото име.

Кога ја започна кариерата имаше многу пејачки со име Нада. Затоа и беше предложено да земе уметничко име, кое е звучно и различно од сите други.

За тоа многупати се пишуваше во медиумите, а потоа во една прилика Ана реши да раскаже како го добила името “Бекута“, како и што всушност значи тој збор.

- Во еден момент ми здосади да работам во кафеана и направивме план да го најдеме композиторот Предраг Вуковиќ Вукас. Во тоа време имаше прекрасен албум за Нада Топчагиќ “Те викам, ти викам“. Ми го смени името во Ана затоа што имаше многу успешни Нада - Топчагиќ, Обриќ, Кнежевиќ, Мамула... - започна таа.

Таа потоа се осврна на значењето на тој збор, што е особено необично.

- Впрочем, моето име го избра покојната Лидија Хабиќ, која беше уредничка во ПГП, рече да го земам презимето Бекут, што е мал закривен нож - изјави Ана во емисијата “Печат во времето“.

Пејачката се осврна и на своето семејство.

- Знам дека моите се горди, тоа ми го кажа татко ми кога беше жив. Се надевам дека му ги исполнив желбите, колку што можев, се трудев да им дозволам се што сакаат - заклучи Бекута.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk