Во саботата, Џенифер Лопез објави серија фотографии со натпис: „Keep calm and work on the weekend“, но она што го привлече вниманието на сите освен фактот дека ѕвездата е зафатена и за време на викендите, е отсуството на нејзиниот 1.8 милиони вреден веренички прстен со дијаманти.
На сликите се гледа како 51-годишната sвезда позира и прави селфи на скалите, очигледно од сетот на нејзиниот нов филм „Shotgun Wedding“, кој се снима во Доминиканската Република.
View this post on Instagram
Лопез исто така не го носеше своето омилено парче накит на фотографиите од нејзината неодамнешна насловна страница за списанието InStyle. Интересно е што приказната во магазинот содржеше блескави цитати од нејзините бивши, вклучително и поранешниот сопруг Марк Ентони и поранешниот свршеник Бен Афлек, но ниеден од Алекс Родригез.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Page Six ексклузивно објави во март дека парот се разделил и ја откажал својата двегодишна веридба. Но, изворот подоцна рече дека тие се обиделе да се помират и дека „вложиле работа“ во поправка на нивната врска.
Од нивното кратко разделување, 45-годишниот Родригез неколку пати леташе во Доминиканската Република за да ја види Лопез на снимањето на нејзиниот филм.