logo
logo
logo

Дали е ова НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА НА ЧОЛА ВО КАРИЕРАТА? Одбил песна која потоа стана ГОЛЕМ ХИТ

Vecer | 07.12.2021

Дали е ова НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА НА ЧОЛА ВО КАРИЕРАТА? Одбил песна која потоа стана ГОЛЕМ ХИТ

Легендата на Белград и познатиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага откри дека се вистина шпекулациите во кои се вели дека Здравко Чолиќ и денеска жали бидејќи ја одбил песната „Кад ходаш“

Како што претходно пишуваа медиумите, Чола ја одбил песната бидејќи не препознал хит, Бајага откри дека вистината за тоа е сосема поинаква.

- Никогаш не ми беше жал, можам и јас да ја отпеам песната. Чола баш и не ја отфрли оваа верзија. Имав, искрено, послаба верзија што му ја понудив прва и која не ја прифати – рече Бајага и додаде:

- Имав една дополнителна строфа и мислам дека ја пропуштив главната тема. Тој и Корнелија Ковач не поканија, отидовме јас и кумот Миша Алексиќ, тогаш уште бев во „Рибља чорба“ и му донесовме четири работи.. искрено,  ја не ја завршив добро таа песна, и сигурно немаше да ја земам во тоа издание, исто како што тоа не го стори Чола - искрено одговори легендарниот музичар.

Тој изјави и дека е само легенда дека Чола не препознал добра песна и дека и денес жали поради тоа.

- Само легенда е дека Чола не препознал добра песна, Чола тоа сигурно би го препознал. - изјави Бајага.

https://youtu.be/9nPzYllDNcs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk