На 15-годишна возраст, Адријана Лима го освои бразилскиот избор на модната агенција „Форд“. Три години подоцна, Адријана се пресели во Њујорк, каде потпиша договор со модната агенција „Елит“. Нејзината кариера доживеа вртоглав подем и таа наскоро се најде на насловните страници на сите престижни модни списанија.
Носеше модели на најпознати креатори, а позната е по својата работа за „Викторија Сикрет“. Таа за прв пат се појави на модната ревија на оваа куќа во 1999 година, а најпознатата модна ревија е секако онаа од 2003 година.
View this post on Instagram
Адријана Лима течно зборува на три јазици - португалски, шпански и англиски.
View this post on Instagram
Во интервју за „GQ“ во 2006 година, таа рече дека сè уште била девица. „Имам намера да останам невина до бракот“, рече таа. „Момците кои се со мене мора да го прифатат тоа, бидејќи тоа е мој избор“. „GQ“ тогаш ја прогласи за „најпопуларна девица во светот“.
View this post on Instagram
На Денот на вљубените во 2009 година се омажи за нашиот кошаркар Марко Јариќ, со кого имадве ќерки. По пет години брак, тие се разведоа. Таа не се омажи повторно и живее во Мајами.
View this post on Instagram