logo
logo
logo

Чола денес полни 70, а реално никој не би му дал толку!

Vecer | 30.05.2021

Чола денес полни 70, а реално никој не би му дал толку!

Пејачот Здравко Чолиќ денес полни 70 години иако многумина не мислат дека затоа што изгледа доста помладо. Роден е на 30 мај 1951 година во Сараево. Татко му Владимир бил офицер во полиција, а маја му Стана домаќинка. Сопственик е на една од најдолговечните и најплодните кариери на просторите на поранешна Југославија, која ја красат полни сали, големи тиражи... И покрај се е скромен, а приватноста ја чува далеку од очите на јавносра.

Со сопругата Александра и двете ќерки Уна и Лара живее во Белград. Соседите велат дека е скромен и приземен и дека никогаш не се однесувал како ѕвезда, туку како обичен човек и голем господин. Истото го кажуваат и за неговата сопруга, но и ќерките, за кои велат дека се пристојни и воспитани девојки.

- За секого има убав збор, па не е ни чудо што сиве овие години остана толку голем. И тој и Александра се прекрасни луѓе и соседи. Складен и убав пар се, рекла една сосетка на Чола за српските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk