Џејлин Кишаун Вајт признал дека е дел од бандата што го застрелала Рајан Фишер додека ги шетал трите булдози во Холивуд во февруари 2021 година.

На снимката од надзорните камери од местото на нападот се гледа како автомобил застанува во близина на Фишер и две лица скокаат од него. На видеото се слуша истрел, по што шетачот со кучиња врескајќи паѓа на земја. Напаѓачите ги грабнале булдозите Који и Густав, а Фишер повикал помош. Третото куче, Мис Азија, истрчало кон Фишер откако крадците се оддалечиле.

Фишер при нападот се здобил со повреди на градниот кош, а еден месец подоцна на Инстаграм напишал дека доживеал колабирање на белите дробови.

Пејачката понуди награда од 500.000 долари за да си ги врати булдозите.

„Кучињата на Лејди Гага беа предадени во локалната полициска станица. Тие беа пронајдени неповредени и предадени на претставниците на нивниот сопственик“, објави полициската управа во Лос Анџелес (ЛАПД) на Твитер.

Вајт е обвинет во април 2021 година заедно со Џејмс Хауард Џексон, сега 19, и Шон Вејли од Лафајет, сега 28 годишен. Полицијата во Лос Анџелес за време на грабежот соопшти дека не верува дека кучињата биле цел поради нивниот сопственик, туку поради вредноста на расата на црниот пазар.