logo
logo
logo

Чешка пејачка и антиваксерка намерно се заразила со корона и починала

Vecer | 18.01.2022

Чешка пејачка и антиваксерка намерно се заразила со корона и починала

Нејзиниот син Јан Рек изјавил за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот заедно со него и неговиот татко, двајцата вакцинирани,кои  се заразиле пред Божиќ. „Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас и повеќе би сакала да го добие вирусот отколку да се вакцинира“, рече Рек.

Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк група Асонанс на социјалните мрежи напишала: „Преживеав. Беше шарено. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања до море“.

Во Чешка, потребен е доказ за вакцинација или неодамна прележана болест за да се влезе на социјални настани. Нејзиниот син ги обвинил локалните антиваксери за смртта на нејзината мајка и рече дека ја имаат „нејзината крв на рацете“.

„Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на непознати луѓе отколку на семејството и на нејзините тези за стекнување природен имунитет со изложеност на болеста“, рече Јан Рек. Земјата е среде ширењето на новиот бран на пандемијата со 20.000 новозаразени вчера..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk