logo
logo
logo

ЧАО ЕВРОВИЗИЈА! Андреа се враќа дома, со знамето под мишка!

Vecer | 12.05.2022

ЧАО ЕВРОВИЗИЈА! Андреа се враќа дома, со знамето под мишка!

По вечерашната втора евровизиска полуфинална вечер карта за големото финале во сабота, на 66. по ред Избор за песна на Евровизија обезбедија уште 10 земји. Тие заедно со земјата домаќин, односно првата петорка, и најдобрите 10 од првото полуфинале силите ќе си ги одмерат во сабота на сцената во Торино.

Нашата Андреа, за жал, не успеа да обезбеди пласман во понатамошното натпреварување. Не успеа ниту Црна Гора, а Констракта од Србија направи и добар пласман и одличен маркетинг и неа ќе ја видиме и чуеме уште еднаш на големата евр0визиска сцена.

Македонија, претставувана од Андреа и песната „Кругови“ вечерва на сцената во Торинои си ја проба среќата заедно со претставниците на: Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Србија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка, од кои пласман во саботното финале обезбедија: Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија. 

Андреа настапи 11 по ред, а од вкупно 18 учесници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk