logo
logo
logo

СЕ ЗА СЛАВА

Цела бивша Југославија го знае како Ален Исламовиќ! ОВА Е НЕГОВОТО ВИСТИНСКО ИМЕ

Vecer | 09.08.2022

Цела бивша Југославија го знае како Ален Исламовиќ! ОВА Е НЕГОВОТО ВИСТИНСКО ИМЕ

Пејачот Ален Исламовиќ (64) се прослави во бендовите Дивље јагоде и Бијело дугме, но помалку е познато дека своевремено си го сменил името. Сепак, извор близок до Ален го откри неговото вистинско име - Алија.

- Кога се случи подемот на Дивље јагоде, групата во која пееше Исламовиќ, челниците на поранешниот „Југотон“ дојдоа до идеја која на почетокот не му се допадна. Тие му предложија на Алија да почне да го користи уметничкото име Ален, со објаснување дека тоа звучи подобро и ќе добие поголема популарност кај публиката. Малку се двоумеше, не сакаше да го смени името, но брзо попушти и ги следеше советите на претпоставените. Денес речиси никој не знае дека вистинското име на Ален е Алија, бидејќи тој никогаш не сакал да зборува за тоа во јавноста – изјавил извор кој инсистирал да остане анонимен.

Исламовиќ пред неколку години за српските медиуми потврди дека неговото вистинско име е Алија.

- Тоа е вистина. Нема ништо чудно во тоа, многу светски ѕвезди избираат поинакво име со кое се претставуваат во јавноста, обично некое што звучи попривлечно. Така беше и во мојот случај, изјавила пејачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk