logo
logo
logo

Цеца воодушевена од наша Сања! Не за џабе се вели ’круша под круша паѓа’

Vecer | 12.10.2021

Цеца воодушевена од наша Сања! Не за џабе се вели ’круша под круша паѓа’

Младата Сања Димова, која беше дел од последното издание на „Ѕвездите на Гранд“ и ги воодушеви и жирито и публика со изведбата на „Судбо моја“ и „Опет имам разлога да живим“, е доказ за онаа народната - Круша под круша паѓа. Сања има струмичко потекло и освен што студира музичка академија таа е од музичко семејство.

Нејзините родители, познатите македонски пејачи Борис и Билјана Димови, беа нејзината поддршка зад сцената и преставени како извондредни вокали, кои можеби наскоро, по сугестија на жирито ќе ги видиме на сцената од „Никогаш не е доцна“.

Менторка на Сања ќе и биде Цеца, која и порача: „Верувај ми душо дека ќе биде се добро.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk