Цеца во искушение: Ми нудат големи пари за Анастасија

Цеца Ражнатовиќ вели дека сопствениците на клубови и нудат баснословна сума пари само Анастасија да запее со неа заедно на сцена.
Пеачката открила дека нејзината наследничка е доста барана откако го објавила хитот "Совршен пар".

- За време на летот добив многу понуди Анастасија настапи заедно со мене во некој клуб или макар да се појави и га го отпее својот хит. Не прашаат за цена само таа да се појави заедно со мене во некој клуб – тврди Цеца.

Фолк ѕвездата вели без разлика на неверојатната финансиска понуда токму таа ја наговорила ќерката да не прифаќа:

- Ја советував прво треба да направи албум, па дури потоа да тргне на настапува по клубови заедно со мене. Не е во ред да се појави на сцена, да отпее само една песна, а потоа да пее мои песни. Ме послуша и ќе причека да направи албум, па ќе почне да настапува. Анастасија подготвува албум – открила Цеца.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари