logo
logo
logo

ЦЕЦА ОТКРИЛА ОД КАДЕ И Е ПРЕКАРОТ СРПСКА МАЈКА: Имав 26 години кога ме нарекоа така, за мене тоа беше скандал

Vecer | 23.07.2021

ЦЕЦА ОТКРИЛА ОД КАДЕ И Е ПРЕКАРОТ СРПСКА МАЈКА: Имав 26 години кога ме нарекоа така, за мене тоа беше скандал

Светлана Цеца Ражнатовиќ во народот многумина ја нарекуваат “Српска мајка“, и тоа стана нејзин прекар. Таа сега открива како и го наметнале тој прекар и како реагирала на тоа.

- Мене публиката ми го наметна епитетот “Српска мајка“, кога имав 26 години кога го добив овој епитет. Тогаш тоа ми беше скандалозно, а сега веќе се навикнав, комплиментот е многу убав. Некој негодуваат околу мојот прекар, но тоа зборува за нивниот банален пристап. Осудите ги доживувам како досадни, премногу досадни, како не се изморуваат, имаат ли тие луѓе свои животи? Естрадата ме интересира кога сум на сцена. Имам свој живот, имам со кого да се дружам, имам други интереси, јас не се занимавам со естрада, мојот фокус на естрадата е додека не го одржам концертот, имам интензивен приватен живот кому сум му посветена, големо семејство, замислете да ја трошам енергијата на луѓе кои ништо не ми значат, рекла Цеца, а потоа открила зошто во Црна Гора не дошла со дечкото Богдан Срејовиќ.

- Богдан е зрел човек со свои обврски. Не сака да се експонира и да оди со мене на настапи. Ние функционираме одлично. Богдан одлично знае со кого е и не му пречи што сум толку извикана пред јавноста. Ние прво се дружевме а од таа дружба произлезе оваа убава приказна, вели Ражнатовиќ и додава:

- На секој човек битно му е да има некоја своја половина. Јас имам долг период на осаменост, и не бев дисфункционална. Пронаоѓав смисла и љубов во своите деца и публика. Не ми е потребен маж за да бидам целосна. Не можам со некого да бидам само за да не сум сама. Повеќе би била сама отколку со било кого. Со Богдан ми е убаво и додека е така, ќе бидеме заедно. Мене животот ми е луд, ми фали уште луд камен. Јас се мажев во минатиот век. Во овој би останала сама. Не ми е потребен венчален лист за да бидам среќна. И тој има брак позади себе и преубава ќеркичка, така што не ни е потребно повеќе од ова што го имаме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk