logo
logo
logo

ЦЕЦА И БОГДАН НАСКОРО ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ?! Парот ќе направи голема свадба, еве кога точно ќе влезат во брак

Vecer | 08.10.2021

ЦЕЦА И БОГДАН НАСКОРО ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ?! Парот ќе направи голема свадба, еве кога точно ќе влезат во брак

Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ уживаат во складна врска, а фановите на пејачката постојано се прашуваат дали наскоро ќе видат свадба. Бидејќи тие не изнесуваат детали за својата врска и доста се таинствени, одговорот можеби се крие во нумерологијата.

Имено, новинарите сакале да дознаат што датумите на нивното раѓање откриваат за нивната иднина а експертот по нумерологија Ивка раскажала дека на овој љубовен пар запишана им е дури и голема свадба. Таа вели дека Цеца и Богдан ќе имаат мало несогласување, но нивната љубов ќе цвета и од неа ќе се роди брак.

- Цеца ужива во љубовта, таа генерално не е тип која сака гушење во врската, а Богдан добро се снаоѓа со тоа. Но ќе дојде до мала презаситеност во ноември, што е и природно, а кризата брзо ќе ја надминат. 2022 година од април до јуни голема е веројатноста за брак. Ако дојде до брак, ќе направат голема свадба. Албум, како што кажав уште во 2020 година, нема да има. Во април 2022 година Цеца влегува во студио. Полето за здравје е под притисок, ќе мора цела зима строго да води сметка за здравјето, раскажала Ивка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk