Оваа недела папараците го фатиле како се шета со пријателите во Лос Анџелес, а на фотографиите изгледа уморно и збунето. Многумина од обожавателите на актерот се загрижени за неговата состојба по последните фотографии.

Минатата година на актерот му беше дијагностицирана афазија, пореметување на мозокот што влијае на способноста за ефективно комуницирање, што го принуди да се повлече од актерството.

Неодамна, извори блиски до актерот открија за медиумите дека неговата состојба се влошува и дека неговото семејство се надева на чудо, по што на Инстаграм се појавија фотографии на кои тој насмеан позира со сопругата Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и неговите ќерки.

„Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат, па Ема навистина му беше глас и комуникатор. Има денови кога се гледаат делови од стариот Брус, но тоа е краткотрајно. Тој се чини дека сѐ повеќе и повеќе им се измолкнува и тоа им ги крши срцата. Неговите ќерки не можат да го замислат животот без него. Им недостасува стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше несакани совети”, изјавил извор за Daily Mail.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

После тоа се дозна дека Брус оваа година ќе стане дедо. Среќната вест ја сподели идната баба Деми која на својот Инстаграм профил откри дека нивната ќерка Румер чека дете со момчето Дерек Ричард Томас. Покрај Румер, Вилис со својата поранешна сопруга ги има и ќерките Талула и Скаут и уште две со сегашната сопруга, чии имиња се Мејбел и Евелин.