logo
logo
logo

Бритни со потресно барање до судот: „СИ ГО САКАМ ЖИВОТОТ НАЗАД“

Vecer | 24.06.2021

Бритни со потресно барање до судот: „СИ ГО САКАМ ЖИВОТОТ НАЗАД“

Бритни Спирс (39) во средата пред судијата одговорен за надгледување на нејзиното контроверзно старателство изјавила дека сака да ѝ се врати животот и да се укине 13-годишното старателство што го има над нејзе нејзиниот татко.

Забелешките на поп-ѕвездата, направени преку видео врска на судското рочиште во Лос Анџелес, се нејзино прво обраќање во јавноста за аранжман одобрен од судот, воведен во 2008 година, кога доживеа нервен слом.

Спирс во емотивна изјава рече дека старателството е злоупотреба.

„Само сакам да си го вратам животот “, рече таа.

„Јас не сум тука за да бидам нечиј роб“, додаде таа.

„Трауматизирана сум. Јас не сум среќна. Не можам да спијам - рече таа.

„Јас сум толку лута и плачам секој ден“, додаде таа.

Спирс побара да се прекине старателството.

„Искрено верувам дека ова старателство е злоупотреба“, рече таа.

Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени изјави дека ќе ѝ треба формално барање поднесено до судот со кое бара раскинување на старателството пред да може да преземе нешто.

Пени ја пофали Спирс за говорот.

„Знам дека требаше многу храброст“, рече Пени, а потоа додаде „Сакам повторно да ве пофалам што преземавте чекор и  кажавте како се чувствувавте, не само мене, туку и на сите вклучени во овој случај.

Спирс последен пат разговараше со судијата во мај 2019 година, но судот беше затворен за јавноста и нејзиното сведочење беше запечатено. Во средата, пејачката рече дека сака луѓето да слушнат што таа има да каже.

Спирс изјави дека сака повторно да се омажи и да роди дете. Но, таа додаде дека има вградена контрацепција и дека не треба да оди на лекар „бидејќи не сакаат да имам деца“.

Пејачката има две деца со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн кој има старателство над децата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk