logo
logo
logo

Бритни се „заглави“ во бањата и ја сподели приказната со фановите, сите се збунети: „Дали е тоа метафора?“

Vecer | 04.08.2021

Бритни се „заглави“ во бањата и ја сподели приказната со фановите, сите се збунети: „Дали е тоа метафора?“

Бритни Спирс на својот профил на Инстаграм објави фотографија од дрвена врата со долг опис. Таа со своите следбеници го сподели искуството кое  го имала, а на многумина оваа објава им беше многу чудна.

- Во два часот наутро решив да се бањам. Добив нов лосион со мирис на Викторија Сикрет и сакав да го употребам бидејќи ми помага да спијам подобро. Отидов во бањата и го видов кафето што остана од утрото и реков „Одвратно“, но не го фрлив и го барав средството за чистење на лицето и не можев да го најдам! Го барав 15 минути и сфатив дека најверојатно е во другата бања. Се подготвував да излезам, вратата беше заклучена - започна пејачката.

- Мислев: „Па, ова е бањата, можам да ја отворам проклетата врата“, но бравата се заглави. Затворен сум во е*ената бања, а дечко ми спие. Ни земјотрес не би го разбудил. Викнав „Еј, ајде отвори ја оваа глупава врата!“ Тишина. По четвртиот пат, стана и праша „Што се случува?“ Му реков дека сум внатре и не можам да излезам. Тој се обиде да ја отвори со пенкало - рече таа, додавајќи дека во тој момент го зела мобилниот телефон и ги повикала чуварите и им рекла да ја отворат вратата.

- По 15 минути испратија некого да ја отвори вратата. По десет минути, нив се уште ги немаше. Ја исчистив бањата и размислував да се истуширам. 'Тука сме!“ рекоа и го прашав колку време ќе им треба. „Можеби 10 минути“. Пиев старо кафе и добив наплив на енергија. Повторно ги прашав „Дали си тука?„ „Да, повлечете се назад. Ја отвораме вратата. “ Се отвори ... Конечно се отвори! - заврши пејачката.

„Бритни конечно е слободна“, напиша Мајли Сајрус во коментар, а многу збунети обожаватели се прашуваа дали оваа приказна всушност е метафора за неодамнешната борба на Бритни за слобода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk