logo
logo
logo

Бритни потпишува предбрачен договор, идниот маж се шегува, фановите во паника

Vecer | 13.05.2022

Бритни потпишува предбрачен договор, идниот маж се шегува, фановите во паника

Бритни Спирс е зафатена со подготовките за својата венчавка, но ангажирала адвокати да подготват предбрачен договор за да го заштити богатството од 70 милиони долари. Пејачката и нејзиниот вереник Сем Асгари ја објавија свршувачката по петгодишна врска, а минатиот месец потврдија дека го очекуваат своето прво заедничко дете.

Брачен договор

Сепак, според изворот, тие се уште се во процес на пишување на предбрачниот договор пред да се одржи венчавката.

 

Britni Spirs, Sem Asgari

"Razgovori su bili malo duži nego inače. Sem želi znatna povećanja za svakih pet godina braka. Britni dopušta svom advokatu da vodi potencijalni predbračni ugovor jer se usredsredila na svoje zdravlje i trudnoću, te planira njihovo venčanje", rekao je izvor za Heat Magazine o navodnom dogovoru.

"Разговорите беа малку подолги од вообичаеното. Сем сака значителни зголемувања за секои пет години брак. Бритни му дозволува на својот адвокат да го води потенцијален предбрачен договор бидејќи таа е фокусирана на своето здравје и бременоста, како и со плановите за нивна венчавка", рекол извор за наводниот договор.

Сем за договорот

Докажувајќи дека се уште е среќен, тој се пошегувал на сметка на предбрачниот договор во објава на Инстаграм, па напишал: „Благодарам на сите што се загрижени за склучување на предбрачен договор. Се разбира, добиваме моќен договор за заштита на мојата колекција на џипови и чевли во случај да ме остави еден ден“.

Обожавателите во паника

Обожавателите на поп принцезата, кои без сомнение ја докажаа својата поддршка со движењето „Слободна Бритни“ и кои подоцна влијаеја на адвокатите да ја ослободат од 13-годишниот надзор за конечно да ја контролира сопствената иднина (и финансиите), сакаат да ја видат заштитена со предбрачен договор.

Актерката Оскаровка Октавија Спенсер коментира: „Натерајте го да потпише предбрачен договор“. Друго лице коментирало: „Сè уште не знам за момчето Сем, затоа заштитете го вашиот имот Бритни! Бидете сигурни да го добиете тој предбрачен договор!“

Друго лице додало: „Ве молам натерајте го да потпише предбрачен договор“, пишува Мирор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk