Бритиш Ервејс ја доби најлудата тужба

Еден патник ја тужи Бритиш Ервејс и бара отштета од 10 илјади фунти зашто останал повреден откако морал да седи покрај дебела личност.

51-годишниот Стивен Просер тврди дека се здобил со повреди откако бил принуден да седи 12 часа покрај дебел патник на лет од Бангкок до Хитроу.

Тој на суд навел дека екипажот ги игнорирала неговите жалби и молби да го префрлат подалеку од личноста која ја опишал како личност висока 193 сантиметри и тешка околу 140 килограми.

Инаку, тужителот е висок 160 сантиметри и вели дека морал да седи на само неколку сантиметри.

Инцидентот се случил во 2016 година. Оттогаш Стивен има болки во грбот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари