logo
logo
logo

БРЕНО ТИ ЛИ СИ?! Светската ѕвезда го смени стајлингот и личи на фолкерката. ГОРАТ МРЕЖИТЕ!

Vecer | 21.10.2021

БРЕНО ТИ ЛИ СИ?! Светската ѕвезда го смени стајлингот и личи на фолкерката. ГОРАТ МРЕЖИТЕ!

Социјалните мрежи се полни со фотографии на Мајли Сајрус и Лепа Брена кои изгледаат буквално идентично. На еден од последните концерти светски познатата пејачка неверојатно потсетила на фолкерката и по фризурата и по стајлинзите. Ретро стиловите се враќаат на голема врата во светот на модата што може да се види и според бројните светски ѕвезди.

Majli Sajrus

Мајли дефинитивно многу наликува на Брена од времето кога жареше и палеше со хитовите „Ситније, циле ситније“, „Робиња сам твоја“...

 

Majli Sajrus

 

Твитерџиите веднаш ја заблежале сличноста и тргнале со споредбите.

- Брена пред времето!, напишал еден твитерџија, а друг дури и не успеал да погоди која е Брена, а која е Мајли.

 

Дека има сличност има, а дали е случајна или Мајли е таен фан на Брена останува времето да покаже. Шегата на страна ова е доказ дека модата се враќа, како и дека Брена секогаш била пред сите други.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk