Возела пијана, па ја стигнала казната

Брена пивнала винце, па останала без возачка!

Лепа Брена ниту помислила дека некогаш во животот неколку чаши вино можат да ја чинат одземање на возачката дозвола. Наводно неодамна пејачката ја запрела полиција поради рутинска контрола. Кога виделе за кого се работи полицајците останале изненадени, сепак тука не бил крајот на изненадувањата.

"Брена се враќала од некоја прослава, каде испила неколку чаши вино, но ниту помислила дека тие толку можат да влијаат на нивото на алкохол во крвта. На половина пат до дома ја запрела полиција заради рутинска контрола, а била љубезно замолена да направи алко тест", открил извор близок до пејачката за српските медиуми.

Пејачката веднаш им признала дека испила неколку чаши вино, но тестот покажал дека е во средно алкохолизирана состојба, па службеното лице и напишало и соодветна казна. Освен парична казна во висина од 15 000 динари, добила и тримесечна забрана да управува со моторно возило.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари