logo
logo
logo

Брена, Нина Бадриќ и Џибони ЌЕ ВРАЌАААТ ПАРИ: Хонорари зеле, наастапите откажани

Vecer | 17.01.2022

Брена, Нина Бадриќ и Џибони ЌЕ ВРАЌАААТ ПАРИ: Хонорари зеле, наастапите откажани

Пејачите Џибони (53) и Лепа Брена (61) требаше да бидат главни ѕвезди на дочекот во Будва, а заедно со Нина Бадриќ (49) тие се само дел од изведувачите кои требаше да настапат, но концертот беше откажан. Џибони за настапот побарал 80.000 евра, а половина од сумата ја добил иако не настапил.

Хонорарот на Брена требало да биде 35.000 евра, додека на Нина 15.000 евра. Споменатите пејачи добиле половина од договорените хонорари, а доколку нивните настапи не се одржат во наредните 12 месеци во Будва, ќе мора да ги вратат парите.

Некои изведувачи, како Петар Грашо (45), чиј хонорар изнесувал 15.000 евра, не биле ни платени.

Надоместоците за дочекот се исклучително високи, што е проблем бидејќи сумите не се поклопуваат доколку споменатите ѕвезди настапуваат во која било друга ноќ во годината.

Заплетот на ситуацијата доведе до конфликт во Туристичката организација, а за тридневната новогодишна програма требало да се издвојат вкупно 150.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk