На 9 септември

Брајан Фери ќе има само еден концерт, а има само 700 влезници!

Човекот наречен King of the cool - Брајан Фери доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don't Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум "Avonmore", придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

 

Се разбира, дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9 септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност... за тие кои веруваат во чуда!, велат од Авалон продукција.

Фери e еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија!

Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 20 април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарницата на Македонската филхармонија.

И најважно од се е дека ќе има само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 ВЛЕЗНИЦИ!

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари