Борис Новковиќ чека дете со 25 години помлада "најсекси Хрватица"

Борис Новковиќ и младата Ирис Волф во врска се од пролета, а разликата во годините воопшто не им смета.

Крајот на мај оваа година откриено е како Борис Новковиќ повторно се вљубил.

Неговата 25 години помлада девојка Ирис Волф која работи како модел, а 2015 година еден неделник ја прогласил за најсекси Хрватка. Ирис била и втора придружничка за избор на мис на Загреб.

Атрактивната блондинка од Борис е помлада 25 години, но се чини дека тоа не им ја расипува среќната, и како што дознаваат медиумите, парот очекува прво дете.

Среќните вести ги потврдил и самиот Борис. "Вистина е, Ирис и јас ќе станеме родители. Тој најубав и најплеменит дар на љубовта, двајцата сакавме и благодарни сме што ни се оствари".

"Беше тоа љубов на прв поглед, на последен, и за секогаш поглед", напишала Ирис во една прилика на Фејсбук на фотографија на која позираат прегрнати.

Борис позади себе има три брака. Исто така, горд татко е на два сина, Ное и Боно

Поврзани

Најнови вести

Коментари