Бора Чорба испрати порака од болница: Имам една добра и една лоша вест

Бора Ѓорѓевиќ Чорба, фронтменот на Рибља Чорба е во болница.

Тој преку Фејсбук објави дека нема да може да го одржи концертот закажан за утре во Крагујевац. Вели дека е сериозно повреден и е хоспитализиран .

На своите обожаватели им порача дека има една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека го откажува концертот во Крагујевац, бидејќи се повредил и скршил ребра. Добрата вест, вели Бора, е дека кога ќе се опорави ќе го одржи концертот на кој ќе биде подобар од било кога.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари