logo
logo
logo

Боби го „ИСКИНА“ Адил! Српската ѕвезда ја разочара публиката

Vecer | 03.08.2021

Боби го „ИСКИНА“ Адил! Српската ѕвезда ја разочара публиката

Викендов Охрид вриеше од луѓе и забави. Журки за сечиј вкус - гости од сите страни. Туристите - некои среќни, некои разочарани.

Е на овие последниве мислиме, такви имало по настапот на српскиот пејач Адил, кој гостуваше на една од најелитните охридски плажи. За загревањето на атмосферата, пред настапот на гостинот од Србија, бил задолжен Боби кој, велат оние кои биле таму, буквално го искинал колегата од соседството - во правењето добра атмосфера. Зашто за разлика од Адил кој отпеал технички без да ја поткрене публиката, Боби направил ’ршум.

- Нашиот Боби Павловски му одржа лекција на српскиот гостин Адил како се пали публика и му докажа кој е кој. Аферим мајсторе, пишува во еден од постовите кои кружат по социјалните мрежи.

Можеби после ваквите коментари не е лошо да се потсетиме на онаа дека НЕ се што е платено или преплатено е и добро, нели?!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk