logo
logo
logo

Бобан Рајовиќ имал обид за убиство, два пати лежел: КОЈ НЕ БИЛ ВО ЗАТВОР ПРОПУШТИЛ

Vecer | 01.08.2021

Бобан Рајовиќ имал обид за убиство, два пати лежел: КОЈ НЕ БИЛ ВО ЗАТВОР ПРОПУШТИЛ

Пејачот Бобан Рајовиќ со години е на естрадата и во јавноста е познат како семеен човек, добар сопруг и татко на три деца. Меѓутоа, не беше секогаш така и многумина би биле шокирани кога би знаеле дека тој многу ја изневерувал сопругата и дека двапати бил во затвор.

Бобан за српските медиуми неодамна откри дека бил неверен кон својата сопруга, но дека сепак ја сака најмногу на светот. Сепак, тврди дека се уморила од неговата популарност, брзиот начин на живот, но и неверства.

- Да ви кажам право, таа е малку уморна од сето тоа, и од мене и од мојата популарност, таа е тотална спротивност од сето она што сум. Но, знаете како, тоа е мојот живот и таа мораше да се помири со фактот дека тоа ќе биде се. Морам да признаам дека ме привлече нејзината скромност и ладнокрвност што ја има, би лажела ако кажам дека понекогаш тоа не ме нервира бидејќи таа е таква, рече тој.

Тој сепак вели дека не може да вети дека ќе остане верен.

-Не! Не можам да се заколнам, бидејќи никогаш не знам што носи денот и што носи ноќта. Ја сакам мојата сопруга најмногу на светот и таа е личноста со која ќе го поминам целиот мој живот, а кога станува збор за неверство, ќе дадам се од себе да му одолеам на сето тоа, но не можам да ветам, изјави Бобан.

Бобан признава и дека бил два пати во затвор и додава дека не жали за ниедно искуство во животот.

- Да беше поинаку, којзнае што ќе се случеше таму. Затворот многу ме промени, и ако се вратам од почеток сега, повторно би го правел истото. Кој не бил во затвор, мислам дека пропуштил многу во животот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk