logo
logo
logo

Блек Џек сосема се запуштил и сега личи на Дедо Мраз

Vecer | 13.01.2022

Блек Џек сосема се запуштил и сега личи на Дедо Мраз

Блек е фотографиран пред својата куќа како зема поштата. Тој е со долга сива брада и коса, облечен во маица и шорцеви, што некако одговара на неговиот ноншалантен изглед. Без разлика што новогодишните празници завршија, Блек изгледа како да излегол од снимање во кое глумел Дедо Мраз, и тоа без многу шминка.

Блек го запознавме како симпатичниот буцко во филмот High Fidelity, (Висока преданост), но подоцна тој добиваше сè поголеми улоги во поголеми продукции, па го знаеме од филмовите „School of Rock“, но и „Jumanji“ и „Holiday“, а гласот го позајми во цртаните филмови „Кунг Фу Панда“, „Ледено доба“ и „Резервоар за ајкули“.

Бидејќи има одличен глас и енергија, се занимава со музика и свири во бендот Тенисиус Д, со кој подготвува турнеја, која поради короната ќе мора да почека почека подобри денови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk